Тајната е во еден лек: На овој начин Сека Алексиќ останала бремена и добила синови

Сека Алексиќ е многу активна на социјалните мрежи, па одговараше на прашањата на следбениците на различни теми на нејзиниот Инстаграм профил, како врската со колешката Милица Павловиќ, но и инсулинската резинстенција и ин витро оплодувањето.

Фолкерката откри и дека имала проблем да забремени поради отпорноста на инсулин.

„Бев внимателна што јадам и го пиев лекот по препорака на докторот, сигурно четири години. За мене тоа беше пречка за успех во ин витро оплодување. Кога го отстранивме и кога се поклопија некои други работи, останав во друга состојба“, објасни пејачката која ги роди синовите со царски рез, по препорака на лекар, иако нејзината желба беше тоа да биде природно.

Познато е дека Сека најголем дел од времето го поминува со сопругот и синовите, а не крие дека би сакала да има уште две деца.

Бидејќи и двете нејзини бремености започнаа со ин витро оплодување, вети дека ќе сними видео на YouTube во кое детално ќе зборува за тоа искуство, а сега рече дека едвај чекала да ги види резултатите од VTO.

„Тоа беше трета VTO и по шест дена купив тест за бременост. Се обидов и не покажа ништо. Бидејќи бев во хотелска соба, тестот го оставив настрана, не го фрлив во канта, затоа што слушнав како некој зборува на нашиот јазик низ ходникот, па не сакав да го фрлам, бидејќи се плашев дека некој би го разгласил се тоа.

Влегувам во бањата по два часа, седнувам и гледам, кога две линии, за малку не се онесвестив! После тоа, се до вадење крв, секој ден правев најмалку три тестови. Се покажа дека е вистина!“, напиша Сека.


foto: Printscreen Instagram