Татјана Стојановска празнично во соседството: За 1 мај семејно во манастирот Љубостиња (ФОТО)

Познатата ТВ презентерка Татјана Стојановска први мај го помина во соседна Србија. 

Стојановска на Инстаграм сподели фотографии од манастирот Љубостиња каде што била во друштво на партнерот Михаил, и пријатели.

„Манастир Љубостиња“ - напиша кратко Татјана во постот на фотографиите.


Вретете десно на стрелката за повеќе фотографии

Татјана Стојановска неодамна проговори за својот љубовен живот. Таа во ТВ естрадниот магазин „Бекстејџ“ откри дека веќе неколку години е во врска со Михаил, кој ја освоил со својот шарм и интелект.

„ Секогаш велам дека е важно ако го најдеш вистинскиот човек, вистинскиот партнер. Не  е важно дали е тоа брак или заедничко живеење, како што јас пет години сум во една таква релација на заедничко живеење и без потпис.  Живееме како брачни партнери заедно со Михаил. Клучот на заедничкото живеење е сето тоа меѓусебно почитување што треба да се воспостави. Тоа е сѐ она кое што дава успех, без разлика која е формата и релацијата на врската“, изјави Татјана за „Бекстејџ“. 

Татјана, која е поранешна сопруга на фолк-музичарот Благоја Грујовски, зборуваше и за својата 25 годишна телевизиска кариера, и за синот Матеј.