Таткото на невестата му се обрати на зетот на свадбата и ги расплака сите гости со овие зборови: „Ако еден ден престанеш да ја сакаш ќерка ми“
Снимка од свадба, каде таткото на невестата му се обраќа на зетот пред да му ја предаде ќерката, предизвика многу емоции. Имал молба до него, да му вети дека вака ќе се однесува со неговата идна сопруга.
Низ солзи, таткото рече: „Ако еден ден твоето срце се премисли, дека повеќе не ја сакаш мојата ќерка, те молам не ја повредувај, само врати ми ја. Само врати ми ја. Добро? “.
Младоженецот рече: „Тоа нема да се случи“ (што значи дека нема да престане да ја сака). На крајот, исто така низ солзи, таткото додаде: „Мојата скапоцена ќерка е твоја“. Потоа ги прегрна младенците.
Коментарите се такви што дознаваме дека некои жени доживеале слична ситуација, многумина го фалат потегот на таткото од видеото, а некои истакнуваат дека со нив се случило сосема спротивно:
„Овие зборови татко ми ги кажа на нашата свадба пред 40 години, а секој татко треба вака да ја испрати својата ќерка во новиот живот“, „Мојот бабо никогаш не ме остава да страдам. Еве, имам две деца, а тој секогаш вели : „Не трпи ништо, ни ти ни децата, кај мене секогаш има место за тебе“, „Не знам чиј татко тоа го кажува... По селата (и јас така растев) се радуваат кога ќе се ослободат од тебе и воопшто не си им важна. Синовите се важни, но ќерката е вишок, непотребна и само да продолжи понатаму и да не се враќа“, „Имав таков татко“, „Мене родителите ми рекоа – сама си избра да одиш во бездна“, „И мојот беше таков. Ако ти направи нешто лошо, влези во колата и врати се дома. Тоа им го велам и јас на моите деца“, „Богами, ретко кога татко на Балканот и кажува на ќерка си дека може да се врати ако бракот не успее. Во некои стари времиња најчесто се случувало вака, кога ќе се мажи, татко ѝ ја прашувал дали така одлучила, кога ќе кажела да, тој ѝ велел - добро, омажи се, но нема враќање во оваа куќа, да знаеш“.
Каков е вашиот коментар или искуство?
Фото: pixels