Те родив на 20 години, пораснавме заедно: Маја Вукичевиќ ја отвори душата

Порано ниту еден фестивал не поминуваше без неа, и често беше наградувана. Сега сосема се повлече од музичката сцена. Маја, која и претходно има искуство како водителка на ТВ, извесен период работеше како новинарка во едно домашно списание.

Сега, кога поретко настапува и не работи како новинар, Маја е посветена на семејството. Нејзиниот син Гораст дипломираше на Економскиот факултет во Скопје, а Маја во тој период со емотивен статус раскажа лична приказна.

“ Велат среќата ја прават малите нешта, но денес е онаква голема, огромна што ми го исполни срцето. Кога тргна во прво одделение ти кажав учи сине за себе, не за оценки. Летна времето. Моето прваче на кое му велев, ќе те оставам на раат кога ќе дипломираш, денес си дипломиран економист. Понекогаш знаеш да се пошегуваш и да кажеш, мамо ние заедно пораснавме, па кога ќе помислам дека на овој свет те донесов со штотуку наполнети 20 години, има малку вистина во тоа. Но ти направи мојот живот да има смисол, секоја твоја насмевка, успех. Една мисла водилка, една желба горела и гори во мене, да си среќен и да станеш свој човек мило мое, и запомни, парчето хартија не ти дава тебе вредност, ти треба да ѝ дадеш вредност на таа диплома. Ти честитам сине и те сакам неизмерно. Те излажав, мајките никогаш не ги оставаат на раат нивните деца.“, е дел од посветата на Маја за синот.