Тешко ја поднесе неговата смрт, а дури потоа следуваа проблемите: Каде е денес Андријана Будимир - големата љубов на Тоше?

Загубата на Тоше Проески никогаш нема да биде заборавено, а пејачот со ангелски глас и понатаму живее низ спомените...

Тоше Проески беше омилен пејач, неговата смрт го шокираше регионот, а приказните за неговиот живот и денес се интересни на публиката.

Медиумите го поврзуваа со разни девојки, но тој се трудеше својот љубовен живот да го држи далеку од очите на јавноста.

Голема љубов на Тоше беше ракометарката Андријана Будимир со која почна да се гледа во 2001 година, но набрзо решија да се разделат.

View this post on Instagram

A post shared by Andrijana Budimir (@andrijana_budimir_official)

Неколку години подоцна се смирија, поточно во 2007 година и тоа на роденденот на Тоше, почнаа да живеат заедно.

Андријана многу тешко ја поднесе смртта на Тоше, постојано повторуваше дека не знае како ќе продолжи понатаму со животот и дека ѝ е жал што не му родила дете. Меѓутоа, по погребот, таа наиде на проблеми со семејството на пејачот.

Имено, зетот на Тоше ѝ забрани да влегува во нивната куќа, за да не дојде до сопственост на албумите кои на англиски ги сними пејачот и со тоа да се збогати. Покрај ова, таа беше на суд со менаџерката на Тоше, која тврдеше дека ракометарката не била во врска со него.

Се зборуваше дури и дека менаџерката го наговорила Тоше да го одложи бракот со Адријана.

Андријана Будимир неколку години подоцна среќата ја најде покрај еден угостител од Скопје, со кој го има и синот Максим.


View this post on Instagram

A post shared by Andrijana Budimir (@andrijana_budimir_official)


фото: Принтскрин / Инстаграм