Тоа е доказ колку е луд Саша Поповиќ: Сузана Јовановиќ лута на сопругот за необичниот роденденски подарок

Фото насловна: Youtube - screenhsoot - 24 sedam TV/Kurir

Водителот и музичар Александар Саша Поповиќ и неговата долгогодишна сопруга Сузана Јовановиќ со години се во хармоничен брак.

Сепак, понекогаш има меѓусебни несогласувања, кои парот често ги надминува многу лесно и едноставно, бидејќи Сале слуша што му кажува сопругата.

Сите што го познаваат добро знаат дека Саша е голем љубител на животни. Токму ова била една од причините поради која на сопругата Сузана ѝ купил мајмун на подарок.

 - Донесе мајмун во мојата куќа. Тоа беше подарок за роденден. Заврши во зоолошка градина бидејќи јас и тој воопшто не се согласувавме. Тоа е доказ колку е луд Саша – рече Сузана и опиша еден настан со ова домашно милениче.

Иако и таа сака животни, нивната по малку дива природа често изненадува, па и Сузана имала прилично непријатно искуство со мајмунот.

- Никогаш нема да заборавам. Еден ден косата ми беше собрана во коњско опавче. Дојдов да му дадам храна. Многу сакаше да јаде јаболка и кромид кога ќе ги исечете на половина. Го чувавме во градината, имавме голем, стаклен кафез. Ја испуштив храната и му пријдов малку поблиску за да стигнам до она што испадна да му го дадам, а тој ме фати за коса и почна да ме влече - раскажа Сузана.

Потценување е да се каже дека била избезумена, а потоа донела одлука која навистина не му се допаднала на Саша, но тој морал да ја слуша.

- Му реков „Сале, исфрли го ова чудо, те молам“. Го дадовме во зоолошка градина, не знам што се случува со него сега - изјави пејачката за „Телеграф“.


Извор: glossy.espreso.co.rs