Тоа преубаво лице: Како би изгледала Мерилин Монро денес, на 94 години?

Мерилин Монро, американска актерка, пејачка и модна икона беше една од најголемите филмски sвезди од 50-тите и 60-тите години. Мерилин почина во 1962 година, на 36-годишна возраст по предозирање на апчиња за спиење, а доколку беше жива, на првиот ден од јуни 2020 година ќе го прославеше 94-тиот роденден...

Многумина се прашува како би изгледала една од најубавите жени денес, и тие се обидоа да го направат тоа со обработка на нејзините фотографии. Најпознатата филмска русокоса, иако поминаа скоро 60 години од нејзината смрт, не сме ја заборавиле.

Играше во многу култни филмови и остави неизбришлива трага на филмското плато.

За време на нејзиниот живот, но и денес, се вели дека Мерилин е една од најубавите жени во светот, па многумина веруваат дека нејзиниот изглед би предизвикал восхит во нејзините подоцнежни години. За да се докаже ова, користејќи модерна технологија, направено е видео во кое се гледа колку ќе се менува нејзинот изглед со текот на годините.

Погледнете:


Извор: Cosmopolitan

Можеби ќе ве интересира и Како да изгледате како Мерилин Монро: Совети на вечната икона