ТОП 3 ТРЕНД MAKE –UP ИЗГЛЕДИ ЗА ОВАА ПРОЛЕТ by ДОКОВСКИ ( VD MAKE UP )
Женски Магазин во соработка со VD MAKE UP by Васе Доковски
Драги наши дами, од особено задоволство ни е да Ви ја најавиме нашата нова соработка со Васе Доковски- VD MAKE UP , докажан маестро и вистински професионалец во областа на шминката. Неминовно свој како приватно така и во својата работа, кога би го опишале овој кул лик би ја искористиле следнава реченица: ,,Зрачи модата, естетиката и културата на Милано собрано во срцето на Доковски''!
За кратко време, ги освои срцата на дамите, каде со својата четкичка, креира магија.
За Женски Магазин, тој ќе ни открива мали , но корисни тајни и совети при нанесувањето на шминката, со цел да го постигнете посакуваниот make up изглед.
ТОП 3 ТРЕНД MAKE –UP ИЗГЛЕДИ ЗА ОВАА ПРОЛЕТ by ДОКОВСКИ ( VD MAKE UP )
SMOKE SIGNALS!
1.Безвременското smokey eye, во кафена верзија, би бил перфектен изглед за секоја девојка која сака да ги истакне очите. Оваа шминка, посебно би им прилегала на девојки со потемен тен на кожата или светло зелени и сини очи.
Pro Tip by Dokovski // Имајте сјајни усни наместо мат, за да ја избалансирате зачаденоста на очите.
Продукт: Fenty Beauty Lip Gloss – Сјај за усни кој не се лепи, нема да Ви пречи на усните иако не се фиксира целосно, долго ќе остане на своето место и нема да се размачка.
COLOR POP!
2.Еден од големите моментални трендови е монохроматската шминка, односно користење на еден тон, на сите делови од лицето. Потребно е да имате сенка,руменило и кармин со слична боја. Најчесто користени се розевата, портокаловата и виолетовата боја.
Pro Tip by Dokovski// Доколку имате само кармин, кој е мат и добро се фиксира на кожата, пробајте да го изработите овој монохроматски изглед само со еден продукт. Нанесете го карминот на усните, а со лесно тапкање на прстите, нанесете го истиот на образите и на очните капаци.
Продукт : MAC Matte Lipstick- color Candy Yum Yum
3.DARK QUEEN LIP!
Темните усни се исто така тренд во моментов и се повеќе девојки експериментираат со овој изглед. Препорачливо е, карминот кој ќе го користите да биде мат. По ваша желба, може да биде со бордо или виолетов подтон.
Pro Tip by Dokovski // Очите секогаш нека бидат свежи и едноставни, за да се добие баланс на целото лице, бидејќи темните усни се впечатливи сами по себе.
Продукт: Bobbi brown Lipsticks - colors Black Raspberry / Black Maple
За Женски Магазин , VD MAKE UP by Васе Доковски
Инстаграм: @vd_make_up_skopje
Facebook: https://www.facebook.com/vdmakeup.official