Топло чоколадо за кое полуде целиот свет

Добивај вести на Viber

Ако ви се допаѓа комбинацијата на чоколада,кикирики, карамела и шлаг овој рецепт е идеален за вас.

Потребни намирници:

2 сникерс чоколади

2 лажички какао

2 лажички путер од кикирики

карамели

950 милилитри топло млеко

сецкани кикирики

шлаг

Во блендер ставете две Сникерс чоколади, две лажички какао, две лажички путер од кикирики, карамели и 950 милилитри млеко.

Изблендирајте ги состојките додека не добиете мазна смеса.  Земете неколку мали чаши, натопете ги со стопено чоколади и потоа додајте кикирики. Во таквите чаши додајте го топлото чоколадо, а ако сакате може да додадете шлаг или прелив од карамела.