“ТРИ ДЕНА ВО СЕПТЕМВРИ“ СО УШТЕ ЕДНА НАГРАДА ЗА НАЈДОБАР ФИЛМ
Три дена во септември во режија на Даријан Пејовски ја доби наградата за најдобар филм на филмскиот фестивал Balkan Florence Experience кој се одржа по 6-ти пат во Фиренца, Италија од 22 до 25 февруари.
Фестивалот преставува преглед на најдобрата и најновата продукција на документарни и долгометражни филмови од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Македонија и Албанија. Филмовите кои се прикажуваат се избрани во соработка со: Здружение на режисери во Босна и Херцеговина (Босна и Херцеговина), Синедејс (Македонија), Хрватски државен архив (Хрватска), Документарен кинокадрант (Србија), Фестивал за слободна зона (Србија), Филмски фестивал во Приштина), Рестарт (Хрватска), Сараевски филмски фестивал (Босна и Херцеговина), Меѓународен филмски фестивал во Тирана (Албанија).
Наградата "Балкански мостови„ е специјална награда која од оваа година им се доделува на режисерите на долгометражни и документарни филмови кои пред сè успеале да ги зајакнат човековите права во своите филмови. Жирито составено од филмски критичари и експерти од Балканот одлучи оваа награда да му припадне на „Три дена во септември“ на режисерот Даријан Пејовски.
Даријан Пејовски се потпишува и како сценарист на филмот, заедно со Игор Иванов. Продуцент на филмот е Томи Салковски.
„Три дена во септември“ е копродукција помеѓу Скопје Филм Студио и Иконе Студио од Косово, а проектот беше поддржан од страна на Агенцијата за филм на РМ и Косовскиот кинематографски центар.
Продукцијата ги кани сите филмски љубители кои до сега не успеале да го погледнат филмот, истиот ќе се прикажува овој петок, (2 март) во 18 часот во Кинотека на Македонија, каде што ќе биде присутна и дел од екипата.