УЧЕНИЦИТЕ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА СЕ ОСЛОБОДУВААТ ОД НОСЕЊЕ МАСКИ: Најнова препорака на Комисијата за заразни болести

Добивај вести на Viber

Комисијата за заразни болести по денешниот состанок соопшти кои нови препораки ќе ги достави до Кризниот штаб, односно до Владата, откако детално ја разгледале епидемиолошката состојба во Македонија во измината недела.

-Врз основа на новиот алгоритам препорачуваме учениците да бидат ослободени од носење маски во основните училишта, но не се ослободуваат наставничкиот и техничкиот персонал, соопшти на прес-конференција претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски.

Истовремено, тој соопшти дека децата практично ќе имаат избор, ако некој сака да носи маска, секако дека може да ја носи, но генерално препорачуваат, мерката задолжително носење маски за време на наставата се укинува.

Детали читајте на Фактор тука.