Уметницата реши да живее во лудница - Нејзините дела се бараат низ светот, а траумите од детството никогаш не ги преболе (ФОТО)

Јапонска уметница и писателка. Во текот на нејзината кариера, таа работеше преку различни медиуми, како што се сликарство, колаж, перформанси и инсталации; и сите тие го изразуваат нејзиниот интерес за психоделични бои, повторувања и матрици

Јајои Кусама е  една од првите авангардни уметници. Има 93 години и се уште создава.

Кусама е родена во јапонскиот град Нагано во богато семејство кое успешно ја заштитило од ужасите на Втората светска војна, притоа заробувајќи ја во виорот на семејна драма од која, како што тврди таа, никогаш не закрепнала целосно.

Туфни како заштитен знак

Во делата на Кусама со години доминираат туфните, а еве како таа се изрази за нив: „Туфната има облик на сонцето, кое ја симболизира енергијата на целиот свет и нашите животи, но и обликот на месечината, кој симболизира мир. Тркалезно, меко, бесмислено и неуко движење. Тие се патот до вечноста.

Суровата мајка и неверниот татко на Кусама и нивниот несигурен брак беа повеќе од нефункционална семејна единица која не и посветуваше премногу време, постојано негирајќи ја нејзината поддршка во креативните аспирации.

Нејзината мајка беше особено против нејзината уметничка работа, инсистирајќи да ги почитува општествените конвенции и да се стреми кон добар брак и потрадиционален пат. И покрај тоа, таа ќе почне да слика на десет години, откако за прв пат доживеа визуелни и слушни халуцинации, кои ќе ја придружуваат засекогаш.

Тaa веќе 40 години живее во ментална установа. Јајои боледува од шизофренија и е асексуална. Кога била мала влегла во собата на нејзините родители додека нејзиниот татко имал врска со љубовницата. Тоа и оставило трауми и затоа нема интимни односи.

Извесно време живеела во Америка, но не била прифатена. По враќањето во Јапонија почнале тешки халуцинации, поради што се пријавила во душевна болница. Иронично, дури тогаш почнува да заработува од својата работа. Нејзините дела се богати со различни бои.


Во 2014 година беше прогласена за најпопуларна уметница во светот. Нејзините дела беа изложени и во МОМА во Њујорк, 50 години по неуспехот и разочарувањето, но таа живееше доволно долго за да го доживее тоа.


Понекогаш се смета за матријарх на современата уметност, таа е совршен пример за творец кој им пркоси на општествените и уметничките конвенции, постојано доведувајќи го во прашање статус квото и предизвикувајќи го набљудувачот, неуморно балансирајќи го уметничкиот интегритет и креативноста со комерцијалниот успех и културната релевантност.

Извор: Магазин Новости

Фото: Инстаграм