„Умираше пред нашите очи“: Родители предупредија на оваа подмолна болест бидејќи не се гледа однадвор, а организмот внатре пропаѓа
Родителите ја споделија шокантната приказна на нивната ќерка и ги предупредија сите за оваа болест
Медлин Билингс починала од анорексија, а според нејзините родители, таа се изгладнувала половина од својот живот. Нејзините родители се појавија на една американска телевизија и ги споделија ужасните работи низ кои поминала нивната ќерка за време на оваа болест. Таа имала само 23 години.
Медлин Билингс од Денвер, Колорадо починала во сон на 30 декември 2021 година, по долгогодишна борба со нарушување во исхраната. Сега нејзините родители Ник и Лиза ги споделија потресните детали од нејзините последни денови, објаснувајќи за емисијата „Today“ каков бил животот на нивната ќерка во канџите на анорексијата.
- Беше прекрасна, но и психотична. Мислам, во разговорите што ги имав со неа во последната недела од нејзиниот живот, тоа не беше Меди. Сето тоа беше болест - изјавил Ник (53), цитиран од британски „Дејли мејл“.
Ник објаснил дека неговата ќерка била опседната со тоа дали случајно испила голтка газиран пијалок наместо диетален пијалок.
Таткото исто така рекол дека била опседната со газирани пијалоци и други пијалоци и дека со часови разговарал со неа за тоа, а мајката Лиза (54) додала дека Меди била свесна за ризикот од болеста, но дека „суровите и критични гласови од нарушувањата во исхраната секогаш се враќале да ја прогонуваат“.
Родителите рекле дека првпат забележале дека нешто не е во ред со Меди кога имала 13 години.
- Заминала на патување во Франција со баба ѝ и дедо ѝ каде запознала друга тинејџерка која боледувала од пореметување во исхраната. Тоа девојче и оставило впечаток – рекле нејзините родители, додавајќи:
- Потоа, летото пред осмо одделение отиде во фудбалски камп, а кога се врати дома ги видовме првите разлики кај нашето дете. Ослабена и не личеше баш на себе – додал тој.
Таа состојба исчезнала по посетата на лекар и одредени лекови, но се вратила во средно училиште.
Однадвор, велат тие, Меди изгледала сосема нормално - таа била одлична ученичка, играла хокеј на трева и фудбал и изгледала здрава. Но, внатре водела секојдневна борба. Ник се сетил колку било стресно времето за вечера, кога тој и Лиза морале да ја принудат Меди да јаде.
Покрај нарушувањето во исхраната, Меди страдала и од анксиозност.
- Бевме во болница. Бевме во амбулантата. Ја однесовме на терапија. Пиеше лекови. И стана се полошо. „Знам дека конвенционалниот третман делува кај некои, претпоставувам, но не и помогна“, рече Ник.
Кога започнала пандемијата на почетокот на 2020 година, нејзините родители рекоа дека Меди се пожалила оти се чувствува осамена.
Во текот на последната година од животот, Лиза рекла дека Меди „многу се разболела“, објаснувајќи дека често се онесвестувала кога ќе станела бидејќи нејзиниот крвен притисок бил многу низок. Во последната година од животот била 3 пати во болница.
- Навистина, се чувствував како да ни умира дете пред нас - се присетува Ник.
Таа во моментот на нејзината смрт била на листа на чекање во центар за третман на нарушувања во исхраната во Денвер.
Сега, Ник и Лиза зборуваат за борбите на нивната ќерка со надеж дека ќе ги предупредат другите родители за опасностите од анорексија.
-Ако имате дете и најдете мет или некоја друга дрога, алармите веднаш се вклучуваат и правите нешто. Но, ако истото дете не ги доврши оброците или јаде само одредени работи, вие тоа го занемарите и кажете: „Тоа не е толку важно“, заклучил Ник.
„Таа болест ќе ве убие. Ќе ве отуѓи, изгледни и убие!ФОТО: Printscreen/Facebook