Здравје // Рецепти
Уште денес се пости: Шпагети со авокадо на вода - вкусен предвелигденски ручек
Одлична идеа за посен предвелигденски ручек
За денес ви предлагаме да направите посни шпагети со авокадо.
Потребни состојки:
-2 зрели авокадо (кората треба да има кафеава боја),
-1 пакет посни шпагети,
-кечап,
-10-12 маслинки,
-2-3 главици млад кромид,
-сол
Шпагети со авокадо на вода се подготвуваат на следниов начин:
Исечете го авокадото, отфрлете го семето и одделете го со лажица од кората.
Авокадото испасирајте го со вилушка, додадете кечап, сецкани маслинки и ситно исечен млад кромид (целиот). Измешајте го сето ова добро со вилушка.
Сварете ги шпагетите во солена вода, добро исцедете ги и додадете ги во подготвениот сос.
Добро промешајте и послужете топло. Bon apetit!
Извор/Фото: posnajela.rs