Уште една титула за Македонија: Тетовчанката Катарина Јовановска прогласена за најфотогенична на изборот за „Кралица на Евроазија 2021“

Добивај вести на Viber

Уште една титула за Македонија - напиша Мики Црнокрак, објавувајќи дека тетовчанката Катарина Јовановска ја освои титулата за најфотогенична Мис Евроазија 2021.

 Во Анталија, Турција се одржа изборот за Кралица на Евроазија 2021 (Queen of Eurasia 2021), на кој нашата претставничка Катарина Јовановска ја освои тутулата за најфотогенична (Best FOTOMODEL). 

Kристина е од Тетово, има 24 години и членка е на Модното студио Црнокрак, кое ја има лиценцата за Македонија за овој престижен интернационален натпревар за убавина кој традиционално секоја година се одржува во месец ноември во Анталија, Турција.

 Победничка на изборот, Кралица на Евроазија за 2021 година е претставничката на Белорусија.
На финалето нашата Катарина носеше модели кои специјално за оваа прилика за неа ги изработија студијата "Краљевски" и "Луме". Изборот се одржа во прекрасниот хотел Спајс во Белек, Анталија, каде што 10 дена претстојуваа 30те финалистки на Кралица на Евроазија 2021.