УСПЕШНА ПРЕМИЕРА НА ПРЕТСТАВАТА „БЕЗ ГАЛАМА“ ВО МНТ: Љубов на сцената, тепачка зад неа
Актерскиот живот не е лесен. Театарските гледачи ја добиваат приказната на претставата на сцената. Ја прераскажуваат, со неа се идентификуваат, ја озборуваат, ја критикуваат или ја фалат. Но, малкумина ја знаат приказната зад сцената. Синоќешната премиера на „Без галама“ во МНТ не одведе токму таму, зад кулисите.
Машката актерска екипа: Стефан Спасов, Нино Леви, Игор Џамбазов, Александар Михајловски и Александар Ѓорѓиески
„Без галама“ е претстава во претстава, приказна во приказна, и токму тоа е интересното во неа и провокацијата да се гледа. Дел од дејствието се случува на сцената, каде што група актери ја вежбаат својата претстава, а дел зад неа. Од другата страна на сценскиот гламур се случува сосема спротивна слика од онаа розовата: на глумците да им се погоди луд режисер кој спие со една од актерките, додека инспициентката носи негово дете. Зад затворените врати, видовме пензиониран актер зависен од алкохол, љубов, но и тепачка помеѓу актерите, но сето тоа скриено од очите на публиката.
Игор Џамбазов го игра режисерот Љубиша кој зборува шармантен македонски со српски дијалект
Текстот на Мајкл Фрејн е колективна адаптација на тимот на МНТ, а режисерот Тони Михајловски на интересен начин ја доближил приказната на Фрејн до домашните гледачи. Ова е второ режисерско остварување познатиот актер, по хит дуо-драмата „Брачна игра“ која е сè уште на театарскиот репертоар.
Нино Леви е актерот Перо
Одлична актерска екипа и приреди на публиката повеќе од два часа смеење. Игор Џамбазов, како режисерот, Весна Петрушевска, Арна Шијак, Нино Леви, Александар Михајловски, Емилија Мицевска, Александар Ѓорѓиески како актерите, Камка Тоциноска во улога на инспициент, и Стефан Спасов, кој глумеше декоратер.
Весна Петрушевска е актерката Добрила.- со Камка Тоциновски во улогата н Весела и со Александар Ѓорѓиески, кој го глуми актерот во пензија
И самиот режисер се појавува во претставата, глумејќи го самиот себе си. Почетокот и крајот на „Без галама“ се необични и сосема неформални.
Александар Михајловски во претставата е актерот Сотир
Актерите и режисерот, глумејќи дека се на генерална проба, се поздравуваат и се збогуваат со гледачите.
Милица Џаровска