Утринско кафе со Александра Велинова: Му се радувам на животот

Првото кафе го пијам со син ми (тој детско нели, бидејќи сопругот е веќе заминат на работа) и е најслаткото кафе со најдоброто друштво. Стефан дури се буди со:„Каде ми е кафето? хахаха 


Јас сум човек што му се радува на животот и сите навидум ситници кои го исполнуваат, така што не ми е потребна поголема мотивација од утринско гушкање со син ми, неговата насмевка да ми почне денот со полна енергија и насмеано лице. Му се радувам на секој нов ден. 


Состаноци во Тв НОВА, подготовки за Саем каде ќе ја промовираме Македонската илустрирана енциклопедија за деца која веќе има втор тираж и ред други книги за деца и ред други соработки кои се на повидок.


 За попладневните часови да бидат посветени на семејството возење велосипеди на кеј, пешачење, пливање, дружење пред зграда во паркот со итн. 


Читам книги ама во последно време повеќе го користам времето за пишување, за добар филм комедија секогаш наоѓаме време со семејството или некој детски филм.


*Александра Велинова, новинарка во ТВ Нова и писателка