Утринско кафе со Ивана Атанасовска: Ме мотивира насмевката на клиентите

Во овој период од годината, во утринското кафе уживам на лулашката во мојот двор опкружена со зеленило, во друштво на моите родители, вереникот и моето кученце Бони.

Обично деновите ми се однапред организирани, па во зависност од тежината на дневните работни обврски во салонот, го планирам и слободното време кое преку недела е доста кратко, поради тоа што ми почнува во 10 часот а завршува по 19 часот.

Ме мотивираат  и исполнуваат задоволните клиентки, нивната насмевка и гушкања откако ќе се погледнат во огледалата на мојот салон. Ме мотивира и љубовта, радоста, среќата на моите најблиски и сите што ме опкружуваат.

Преку недела, вечерите ги поминувам во друштво на семејството, обидувајќи се  по интернет сајтовите да пронајдам некое добро трилерче, на кое подоцна задолжително заспивам. Книгите ги чувам за годишните одмори.

Недела е мојот единствен слободен ден кој најчесто го поминувам заедно со мојот вереник и семејството, некаде на излет или семеен ручек.

*Ивана Атанасовска, мејкап атрист