Утринско кафе со Марко Марк: Најголемата борба е со самиот себе

Верувам дека денес во ова турбо темпо на функционирање и секојдневие  секој од нас наоѓа своја формула на реципроцитет и баланс за продуктивен ден , се бориме да влијаеме на сите полиња од нашиот живот... Така што би одговорил дека првото нешто е музика кое ми дава огромни вибрации , здравје и насмевка за добар почеток на денот, верувам дека многумина го имаат овој ритуал. Последниве години и навистина научив да  уживам вистински со полн мерак и во кафето, спокојно без брзање во одлична комбинација, денес најчесто со  моите другари и колеги од утринското шоу, но прекрасно е чувството  бидејќи попатно  задоволството го споделуваме со бројни тв конзументи и наши лојални утрински пријатели... 

Ме мотивираат инспиративните приказни од целиот шарен космпополитски свет... Денес најголема инспирација претставуваат сосема рандом луѓе кои ги среќаваме насекаде, а кои се повеќе придонесуваат за општетсвото , животната средина  меѓуота се надвор од очите на јавноста од секаков аспект.  Индивидуи кои апсолутно остават белег со се повеќе филнатропски приказни, мудри луѓе полни емпатија, а делуваат надвор од материјалниот , безобразен политички  хипокритичен свет ... Денес верувам дека и најголемата борба е со самиот себе ,  имаме огромна задача и работа пред нас  , да се реализираме во суштински битиа  , и често повторувам  :  биди добар денес , научи нешто од некого , поправи се , осмели се, биди благодарен за денот, прости, кажи пардон , да научиме да  промовираме се помалку , нервоза, гнев, его, инфериорност , материјалност, тоа создава  само агресија , натпревар и хаос помеѓу нас... Можеме сите подобро ,  поучени од искуството секој од нас на посебен уникатен начин , па денес сме си потребни еден на друг повеќе од било кога, инаку која е суштината на нашето постоње и придонесување тука...Би сакал да апсорбираме што повеќе добрина за да може вирално што повеќе да ја шириме насекаде низ меридијаните, да пропагираме и апострофираме што повеќе добри хумани дела , придонесувајќи што повеќе за нас-  луѓето, за светот, природата , животните... 

Тековните секојдневни обврски се поврзани со работата , признавам дека самиот формат на професија бара доста креативност и да останете вистинки „будни” и присутни,  редовно негување и комуницирање со бројни соработници, пријатели како би делувале сите заедно продуктивно и креативно  за едно уживање за публиката и народот. Но на крајот сепак најслатките планови и обврски  се поврзани со  семејството и пријателите , тоа е есенцијалното, таму сте најсреќни, свои ... 

Денот ми завршува единствено со нив, семејството, пријателите и животинките околу мене. 

Апсолутно сакам да прочитам книга или да погледнам некој филм.И тука наоѓам спокој , но строго дециден - целосно исклучен од светот и цивилизацијата... За крај би завршил и надополнил со едноставни препораки  „Тајниот јазик на цвеќињата“ четиво од Ванеса Дифенбо  нуди една  фина приказна , непредвидлива, опфаќа еден широк опсег од животот на главната протагонистка и дејството постојано има нови кулминации, од филмските дела  годинава ми остави силен впечаток серијата „The Sinner” актерката Џесика Бил е одлична во оваа серија и драма, со нетрпение ги очекувам новите поглавја од “Black Mirror” но  периодов одвоив слободно време за целосно уживање на серијалот на маестрaлниот Morgan Freeman – „The Story of God with Morgan Freeman” серијалот е доста познат за нас благодарение на National Geographic , но овојпат гледајќи го во низа ми остави силно влијание отворајќи  ги сите можни чакри , од срце го препорачувам. 


(Марко Марк- новинар и водител)