Утринско кафе со Наташа Трајчевска: Многу е полесно во животот кога ја работиш работата што ја сакаш
Утрото е најубав дел од денот, половина час одвојувам само за себе со големо турско кафе. Убав почеток на денот кога можеш да си ги разбистриш мислите и да се посветиш само на себе.
Пред сè ме мотивира посветеноста кон работата, можноста за
нови предизвици и секако добро завршени работни обврски со добра организација и
добар тим. Многу е полесно во животот кога ја работиш работата што ја сакаш.
Во „Diners Club Македонија“ сум 14 години, време поминато со многу вложен труд, но сè е полесно кога се добро поставени работите и кога имаш доверба во луѓето околу себе. Што да кажам, среќа е да се поминува работниот век во успешна, современа компанија која внимава и на задоволството на вработените.
Во животот секогаш ме мотивираат храбри и вредни луѓе кои знаат што сакаат во животот и се движат кон остварување на своите поставени цели.
Приватно мојата тинејџерка Сања (тогаш и невозможното станува возможно).
На работа точно ми се испланирани работните
обврски кои не секогаш одат по планираното, но се приспособувам на новонастанатите
ситуации. Првична обврска по влегувањето во домот, и да сакаш, едноставно не
можеш да го игнорираш, е кучето Макси кое ни ја смени енергијата во домот.
Секогаш навечер шетаме со сопругот и кутрето
кое е главен виновник да нè извади од дома
на вечерно пешачење.
После пандемијата што нè допре сите, се надевам научивме да се цениме повеќе себеси, семејството и луѓето што ни се важни во животот и секое слободно време гледам да сум опкружена со семејството и луѓето што ми значат.
Во последно време сè повеќе време поминувам во гледање филмови, обично по предлог на
ќерката и тоа ни е некако заедничко дружење кое многу често го применуваме.
*Наташа Трајчевска, вработена во оддел Финансии во Diners Club Macedonia