Утринско кафе со Верица Груновска: Среќна сум кога ги разубавувам жените

Денот ми започнува со вообичаени ритуали, но не пред 10 часот, не сум баш утрински човек. Си го сакам утрото само за себе и кафето најчесто го пијам сама. Тогаш правам планови за тековниот ден. 


Ме мотивира доаѓањето во мојот салон и средбата со моите клиентки, секоја со своите карактерни особини. Среќна сум кога ги разубавувам жените. Убаво ми е кога ќе направам нешто ново за нив, за да се чувствуваат пријатно во своето тело и да се сакаат самите себе си. 

По салонот, одам во Македонската и балет. Многу ме исполнува работата со уметниците, оперските солисти, балерините и хористите. Мојата работа е да им ги средувам фризурите и тоа во таа наша заедничка креативност вистински уживам. 

Денот најчесто ми завршува доцна, по 20 часот, а вечерните моменти се секогаш резервирани за моите најблиски, моето семејство и пријателите кои поради многубројните обврски се поретки. Затоа секој минат миг со нив е драгоцен. Голем љубител сум на кинематографијата и секој слободен миг е резервиран за добар филм и книга.

* Верица Груновска фризер-соработник во Македонската опера и балет, козметичар и шминкер