Вагите ќе паднат на Водолија, Близнаците ќе чезнеат по Лав – љубовен хороскоп за лето 2018
Ѕвездите за ова лето носат возбудливи моменти за секој знак. Пред оние слободни припадници претстојат многу авантури и летни љубови.
Овен Аморовата стрела ќе ја фрлите кон Стрелецот, бидејќи е општопознато дека овие момчиња можат да ви приредат незаборавни моменти. Припадниците на овој знак позитивно ќе делуваат на вас, проширувајќи ви го кругот на интереси и правилно насочувајќи ја вашата енергија. Со мажот Овен било која жена секогаш ќе се чувствува заштитено, а во кревет ќе биде и повеќе од задоволна бидејќи кај Овенот страста е главен двигател во животот.
Бик Пронајдете маж кој е Девица бидејќи тој е оној кој ќе ви пружи однос полн со взаемно разбирање. На жената Бик и одговараат практичност, мудрост и сериозност – одлики на Девицата. Со здружени сили можете многу да постигнете бидејќи ќе бидете извонредни пријатели и љубовници кои ќе знаат да ги задоволат меѓусебните потреби.
Близнаци Доколку сте припадник на овој знак, тогаш тежнеете кон некој Лав кој со својата сила и топлина ќе го згрее вашето срце, но и тело. Мажот Лав е како некој учител кој ќе ве соочи со вашите мани но и предности, давајќи ви „ветер“ во грбот со својата енергија.
Рак Жената Рак би требало да обрати внимание на лице во знакот на Шкорпијата. Токму тој од сите други знаци, најдобро ќе знае да ја цени нејзината потреба за топлина, дом и семејство. Во некоја рака, ќе и’ ги чита мислите и ќе и пружи одлична интелектуална и емоционална поддршка. Плус, на Ракот никогаш нема му биде досадно во друштво на една Шкорпија.
Лав Побарајте некој Овен бидејќи само тој може да ги следи вашите желби. Вашата врска ќе ја краси високо ниво на толеранција и компромис, иако малку ќе се карате бидејќи имате сличен темперамент.
Девица Вам ви одговара Јарец бидејќи ги разбира вашите стравови и ви пружа доволно љубов и заштита. Плус, двајцата сте практични и многу реални знаци кои се насочени кон негување на фамилијарните вредности.