Вакви немате пробано: Слаѓа го има рецептот за највкусните мафини (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Слаѓана Совиљ е креативна креаторка на слатка магија. Таа преку својот Инстаграм профил sladje_od_sladje споделува супер вкусни рецепти кои воодушевуваат и по изглед и по вкус.

Слаѓа секогаш има совршени идеи за најубавите задоволства кои враќаат во детството, но и за необични, модерни рецепти, сепак она што ја прави многу посебна е носталгијата што ја предизвикува со своите рецепти.

И овој пат решивме да го пробаме уникатниот рецепт на Слаѓа за мафини со смокви, а еве што ви треба:

Состојки за мафини 

- 250 грама брашно

- прашок за пециво

- 250 гр кристален шеќер

- 1/2 лажичка сода бикарбона

- 270 гр омекнат путер

- 4 големи јајца

- кора од еден лимон

- 2 лажици исцеден лимон

- 2 лажици млеко

Состојки за бисквитната основа

- 50 гр несолен путер (исечен на коцки)

- 200 гр мелени бисквити

- 2 лажици мед

За бел фил:

- 250 гр маскарпоне сирење

- 150 гр крем сирење

- 250 гр слатка павлака

- 100 гр кристален шеќер

Сос од смокви:

- 400 гр исчистени смокви

- 100 гр шеќер

- сок од еден лимон

Подготовка:

View this post on Instagram

A post shared by Sladjana Sovilj (@sladje_od_sladje)


Прво направете го овошниот сос. Измијте ги и излупете ги смоквите така што прво ќе ја извадите кората. Исечете ги и ставете ги во тенџере, додадете шеќер, сок од лимон и варете додека не зоврие. Потоа намалете и варете на тивок оган 20-30 минути, повремено мешајќи додека не се згусне. Кога е готово, сварените смокви изгмечете ги за да добиете сос.

Загрејте ја рерната на 170 степени. Прво направете ја подлогата за бисквити. Растопете го путерот на тивок оган или во микробранова печка. Измешајте го со мелен бисквит, па соединете сè со мед. Ставете го во калапот и нежно притиснете за да добиете цврста основа.

Ставете ги сувите состојки за кексот во голем сад. Во друг поголем сад измешајте ги со миксер јајцата, омекнатиот маргарин, кората од лимон, млекото, сокот од лимон. Измешајте ги двете смеси, матете уште една минута, па со лажица ставете ја смесата во 2/3 од калапот. Ставете ги во рерна и печете 20 минути. Префрлете на решетка за ладење. Во меѓувреме направете го белиот фил така што прво изматете го крем сирењето, шеќерот и маскарпоне сирењето, а потоа додадете ја слатката павлака и матете додека не добиете фина смеса која ќе ја нанесете на мафините.

Наздравје!

извор:najzena