Ведрана Рудан живее во рушевина стара 400 години: Откри со чиј лик има шолја пред семејната фотографија (ВИДЕО)

Ведрана Рудан го реновирала од темел својот дом со најубавиот поглед на Риека...

Хрватската писателка и новинарка Ведрана Рудан, позната по своите остри и критички ставови, за својот приватен живот зборува ретко, со самото тоа и ретко им дозволува на медиумите да влезат во нејзиниот семеен дом.

Овој пат направи исклучок и ја покажа внатрешноста на својот дом. И во овој разговор, без влакна на јазикот откри што ѝ кажува сопругот кога е реновирањето на куќата во прашање.

Стара куќа

Рудан сака мир, па наместо стан одбрала куќа на највисокиот дел од Риека, каа е стара околу 400 години, поради што од темел ја реновирала.

Писателката во емисијата „ТВ лица као сав нормалан свет“, раскажа како течел процесот.

„Најдов прекрасен стан за нас, меѓутоа кога на сопругот му споменав дека има кристална врата, која ја одвојува дневната соба од кујната, ми одговори дека не сака ни да го види. Ми кажа: „Ќе се вселиме и потоа ти за еден месец ќе посакаш мала стара куќа, епа јас токму таква ти најдов““ - раскажа Рудан.

Куќа како споменик

„Оваа наша куќа можеби има и 400 години, тоа е споменик од нулта категорија. Кога ја видов таа рушевина, се згрозив, но и ми се допадна. Сопругот тогаш ми кажа: „Добро, ние ќе го платиме тоа, но немој кога ќе заглавиш со мајсторите да ме прашуваш било што, не сакам да ги гледам“. И до ден денес остана така, ние постојано нешто правиме, како и сите кои имаат куќа, но кога мајстор ќе дојде на вратата, мојот сопруг оди во кафуле“ - низ насмевка кажа Ведрана.

Сѐ околу куќата смислила сама, ги преуредила просториите, ги уредила скалилата и градината, а она што е многу интересно е тоа што на комодата покрај семејната фотографија, има ставено и шолја со ликот на Јосип Броз Тито.


фото: Принтскрин / Јутјуб