Веќе не изгледа вака: Анџелина Џоли стана русокоса и ја носи најбараната летна фризура
Фото: Massimo Insabato / Zuma Press / Profimedia
Долгата темна коса со години е заштитен знак на Анџелина Џоли. Меѓутоа, оваа пролет и таа се осмели да се промени, а вниманието го привлече со новата боја на коса
Анџелина Џоли тешко може да се појави некаде без да биде забележана, но сега привлекува уште поголемо внимание благодарение на новата боја на коса. Имено, Анџелина Џоли сега е русокоса, а многумина се согласуваат - тоа е нејзината најзаводлива промена на косата во последните неколку години.
Фото: Oliver Contreras / UPI / ProfimediaАко ги погледнете фотографиите на Анџелина Џоли низ годините, многу лесно може да се забележи дека нејзиниот изглед не е многу променет. Во споредба со другите познати убавици, Анџелина никогаш не била склона кон големи промени на косата, експерименти со шминкање или козметички зафати. До сега!
Имено Анџелина во оваа прилика уште еднаш воодушеви со својот стајлинг, но вниманието го привлече нејзината нова фризура - плав балајаж. И додека корените на косата ги остави темни, нејзината боја станува посветла кон врвовите. Самите врвови се исто така светло плави, што ја прави новата боја на коса најголемата промена на фризурата што Анџелина Џоли ја претставила во последните години. Сепак, многумина се согласуваат дека новата боја на коса одлично ѝ стои и е совршен избор за лето.
Фото: TheImageDirect.com / The Image Direct / Profimedia
Својата одлична фризура ја покажа и подоцна на аеродромот, кога заминуваше од Вашингтон. Потоа сервираше многу полежерен изглед и покажа како новата фризура одлично ѝ прилега, без разлика дали се работи за гламурозен или лежерен изглед.
Извор: citymagazine.danas.rs