Велигденска погача: Најлесна подготовка досега, ова буквално може да го направи и дете (РЕЦЕПТ)
Фото: Printscreen/youtube/kuhinja valentina mašković
Традицијата налага на Велигден да се подготви мека и сочна погача, а овој рецепт мора да го запишете
Состојки:
800-850 грама брашно
200 мл јогурт
200 мл вода
1 јајце
100 мл масло
1 лажичка шеќер
1,5 лажички сол
30-40 гр. квасец
250 гр. путер или маргарин за премачкување
1 јајце за премачкување, сусам, лен
Подготовка:
Од горенаведените состојки замесете мазно тесто и оставете го да нарасне околу половина час. Потоа на малку масло премесете го тестото и поделете го на 10-тина топчиња. Развлечете ги топчињата, а потоа убаво премачкајте ги со путер и оставете го тестото да одмори. Погачата украсете ја по желба, а потоа ставете ја во тавче. Се пече во загреана рерна на 200 Целзиусови степени, а по 15 минути намалете ја температурата на 180 Целзиусови степени и печете уште 30 минути.