Велосипедско дефиле од Порта Македонија до Школка
Во рамките на Европската недела на мобилност 2018 година, денеска во Скопје ќе се одржи велосипедско дефиле. Настанот е организиран од страна на Град Скопје, со поддршка на Канцеларијата на Европската делегација, Министерството за животна средина и просторно планирање и „Прв до врв“.
На велосипедистите ќе им се придружи и заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули. Дефилето ќе стратува во 10 часот пред порта „Македонија“. Велосипедистите ќе се движат по маршутата: Порта Македонија – ул.Димитрие Чуповски до бул. Кочо Рацин (се врти лево), бул. Кочо Рацин, бул. Крсте Мисирков (се врти лево), бул.Гоце Делчев се врти лево и се продолжува по бул.ВМРО (се врти десно), бул. Партизански одреди до бул. 8 Септември (се врти десно), бул. 8 Септември се врти десно по бул.Илинден. На целта, кај Школката во Градски парк, ќе следи забавна програма, а повеќе среќни добитници преку лотарија ќе добијат велосипеди, како симбол на користење на алтернативни превозни средства.