Венчавка на француски начин: Модната инфлуенсерка во две необични венчаници, воодушеви со својот изглед (ФОТО)

Како изгледа модерна свадба во француски стил?

Во последните години сè попопуларни стануваат помалите и порелаксирани свадби. Во француски стил, секако, дури и малите и едноставни свадби изгледаат неверојатно шик.

Пред неколку дена модната инфлуенсерка Камил Шариер и нејзиниот партнер Франсоа Ларпин го кажаа своето големо ДА. Со реченицата „ever thine ever mine ever ours“, која ќе ја препознаат сите љубители на „Сексот и градот“, Камил на својот Инстаграм профил го сподели еден од најубавите моменти од венчавката и покажа шик венчаници.

Свадбата на Камила Шериер и Франсоа Ларпин започна во мала црква, а заврши со гламурозна забава. За церемонијата Камил избра комбинација од топ и здолниште наместо класична венчаница. На проѕирниот и сјаен комплет од колекцијата Селин за есен/зима 2021/2022, Камил додаде едноставни бели салонки, минимална шминка и косата во опуштени бранови украсени со мали бисери. Нејзиниот партнер остана верен на класиката и за венчавката избра темен костум и бела кошула.

За прославата по венчавката, Камил ја замени модерната венчаница со заводлива чипка. Проѕирниот слип фустан од прекрасна бела тантела, чипкани ракавици и коса врзана во пунџа создаде совршена трансформација од дневен изглед до заводлив стајлинг за вечера и забава.


извор:stil.kurir