Вешти раце и многу фантазија: За помалку од 160 евра, Милица и сопругот ја трансформираа дневната соба (ФОТО)

Со изборот на гипсени плочи наместо камени, заштедиле дури 115 евра.

Милица и Жељко од Белград, решија да го освежат изгледот на својата дневна соба.

Им текнало да украсат еден од ѕидовите со гипс картон. При изборот на материјалот размислувале економично, па наместо да платат вистински камени плочи кои чинат од 12 до 22 евра за метар квадратен, избрале подеднакво убави гипсени плочи чија цена е 9 евра за метар квадратен.

Овој имитациски камен е многу поевтин и изгледа навистина квалитетно и елегантно.

- Нè чинеше помалку од 160 евра за нашиот ѕид, сè заедно со материјалот - велат тие.

Ѕидот најпрвин го обложиле со специјална облога за ѕидови - потоа ставале гипс лепак (смесата што се добива со мешање лепило и вода), а потоа лепеле по една плочка.

- За оние кои, како нас, го прават ова за прв пат, важно е да ги имаат потребните алатки, бидејќи тоа навистина им олеснува добар дел од работата. Научивме на потешкиот начин со тапа пила, скалпел и шмиргла додека не отидовме по нова пила што ни го олесни животот. Дополнително користевме шмиргла, скалпел, либела и шпатула - додаде Милица.


ПРЕД:

ПОТОА:

Погледнете го видеото:


извор:telegraf
фото:instagram