(ВИДЕО)- 30 ГОДИНИ ЖИВЕЕМЕ ВО ШУПА.- Провокативна песна на Слаткаристика

Добивај вести на Viber

„Живееме во шупа, 30 години седиме на клупа и никако у игра да не пуштат. Со Тајсон у ринг преговараме, ќе го јадеме или ќе се договараме“.

Ова се дел  од стиховите на новата песна „Отворено писмо“ на хип-хоп артистот Марко Маринковиќ- Слаткаристика. Слаткаристика вчера ја промовираше песната на својот јутјуб канал, и веќе е во топ три најпрегледувани видеа во Македонија на јутјуб.

На социјалните мрежи, песната се коментира како една од најискрените на Слаткар до сега, а е посветена на актуелната состојба кај нас.