(ВИДЕО) Девојка од Македонија го расплака жирито во Малта: Емоционална изведба

32-годишната Деница Апостоловска од Тетово, која веќе 5 години живее во Малта каде работи како чистачка, се појави на тамошното шоу „Malta's got talent“ и ги освои симпатиите на четиричленото жири.

Прво пееше компилација на повеќе песни кои ги нарече „Conversation with my mom“, додека потоа испеа традиционална песна од Малта за која ја доби секоја пофалба.