(ВИДЕО) Дневна дискретна шминка за работа или факултет

Добивај вести на Viber

Погледнете го видето и научете како дискретно да се нашминкате за работа, факултет или школо.

Чекор 1:

На очите нанесете светло крем или бело моливче како подлога за шминка, расмачкајте со прсто. Светло портокалова, или сенка во боја на праска нанесете на капакот и под веѓите. (0:09)

Чекор 2:

Светло браон сенка нанесете на целиот капак, прегиб на очи и внатрешен дел на окото под веѓите до работ на носот. Чоколадна браон нанесете на горната и долна линија на трепките со тенка четка (наместо сенка може да користите и малив за очи). (0:37)

Чекор:3

Златна сенка нанесете на прегибот кај окото и веднаш над браон сенката. Црното моливче нанесете го на горната внатреша линија на трпките, свиткајте и нанесете масакара на трепките. Доколку сакате можете да ставите дискретни вештачки трепки. (2:26)

Чекор: 4 

Нанесете благо розе руменило, кармин во валкано розева или боја на кожа (3:11)

Го можете вие тоа и сами!