Ги надмина Кејт и Меган: Ова е најубавата принцеза досега

Принцезата Дајана е најубавата благородничка на сите времиња затоа што нејзиното лице најмногу одговара на грчкиот „златен пресек“.

Ова е тврдење на лондонскиот пластичен хирург Џулијан Де Силва, кој ги спореди лицата на славните жени благороднички со ова техника и дошол до заклучок дека Дајана е најубава, затоа што нејзиното лице најблизу одговара до „златниот пресек“.




„Златниот пресек“ потекнува од античка Грција, а се користел за да се утврди физичкото совршенство, кое зависи од големината и симетријата на карактеристиките на лицето.

Оваа математичка формула ја користел Леонардо да Винчи во креирањето на неговото познато дело „
Vitruvian Man“.

Бројни научници оттогаш го користат при утврдување на совршена убавина, а Де Силва ја користи во компјутерско мапирање на лице.

Според неговите пресметки, Дајана била најубава, а потоа следат кралицата Ранија од Јордан и покојната Грејс Кели од Монако. Снаите на Дајана, Меган Маркл и Кејт Мидлтон се на четвртото и петтото место.

„Дајана, Меган и Кејт сите се многу убави жени. „Но, кога нивните лица се споредуваат со грчката златна секција, Дајана се искачува на врвот“, изјави Да Силва за „Дејли меил“.

Тој објасни дека Дајана постигнала најголем број на поени заради формата на лицето, ширината на носот, пределот околу веѓите и челото.

„Според грчкиот „златен пресек„ кај Дајана најлоши се нејзината брада и усните. Нејзините усни се тенки и лошо обликувани, а брадата не спаѓа во класична“, додава тој.

Принцезата Ранија е најубавата жива благородничка, а голем број на поени во селекцијата и донесоа нејзината брада и усни. Таа изгубила поени на пределот на носот и веѓите.


Како и со принцезата Дајана, брадата на Грејс Кели била „проблематична“, додека нејзините очи биле скоро совршени.

Иако не доби најголем број на поени, Меган Маркл има „убава симетрија на лицето“, тврди Да Силва и додава дека е најблиска до грчкиот концепт за убавина.

Кејт доби поени за растојанието помеѓу носот и устата и растојанието помеѓу очите.


(ФОТО) Совршено летно издание на Кејт Мидлтон: Во креација со која докажа зошто е модна икона на стилот