(ВИДЕО) Меган Маркл испрати силна порака: Клучот за успехот не е насилството, туку сочувството

На онлајн конференција под покровителство на ООН, војвотката зборуваше за „необични“ теми како што се насилство и политика за кои не смееше да зборува кога живееше во Велика Британија. Сега ништо не ја спречува Меган Маркл, но сè уште има доза на ограничување во нејзините зборови, заради сè што помина од кога се омажи за принцот Хари.

Меган Маркл, ретко се појавува во јавноста откако се пресели во Америка со принцот Хари и нејзиниот син Арчи, но таа сè повеќе дава инспиративни говори на теми за кои претходно не можеше да зборува толку слободно.

Бидејќи не и беше дозволено да се вклучи во политиката или да зборува за феминизам за време на нејзиниот живот во Велика Британија, а камоли да се вклучи во организации како ООН, Меган сега очигледно се освести и ужива да дава мотивациски говори и да испраќа важни пораки. За овој важен настан, таа носеше фустан во кралско сина боја со откриени раменици и ја пушти нејзината долга, црна коса.

"Сите оние што се во позиција на моќ, од владеење на правото до светските лидери - сите тие луѓе зависат од вас повеќе отколку што некогаш ќе зависите вие од нив. И запомнете, тие тоа го знаат многу добро!", изјави Меган, а од нејзините зборови можеше да се прочита суптилна порака до сите оние кои изминатите години во Велика Британија не ја оставија сама на себе и сакаа да ја уништат нејзината репутација и живот.


Меган исто така истакна дека клучот за успехот не е насилството, туку сочувството. "Сочувството не значи дека не треба да чувствуваме лутина и огорченост кога ќе видиме остра неправда околу нас. Секако дека треба. Но, јас ве предизвикувам да го проширите тоа чувство. Далај Лама рече: „Сочувството е радикализам на нашето време“, истакна Маркл.


Видео и Фото: The Telegraph

Ги надмина Кејт и Меган: Ова е најубавата принцеза досега