(ВИДЕО) Не ја миеше косата со шампон година и пол: Како изгледа сега

Добивај вести на Viber

За многу девојки, косата е заштитен знак, па затоа шампонирањето е нешто што е потполно природно за повеќето луѓе. Сепак, има и такви девојки кои решиле да се свртат кон „природно решение“, па затоа повеќе не користат шампон или регенератор.

Една од нив е Елура, таа го сподели своето искуство со своите следбеници на Јутјуб, по година и пол миење на косата само со вода.

Како што истакна таа, на вашата коса ќе и требаат неколку недели прилагодување, но ако сте упорни, ќе ги видите сите придобивки:
1. Без пластика
2. Заштеда на пари
3. Подобро за вашата коса
4. Времето помеѓу две миења е подолго 

Сепак, таа додаде дека ја променила и диетата, дека е веган, и дека и тоа влијае на нејзината коса, но и на чистотата на кожата и јачината на ноктите. Еве како изгледа нејзината коса сега: