(ВИДЕО) Парис Хилтон се вери со прстен од два милиони долари: Цел тим учествувал во неговото создавање

- Нејзиниот последен веренички прстен има најмалку 15-20 карати и е инспириран од Ајфеловата кула. Цената на прстенот е скоро 2 милиони долари - изјави Кетрин Мани, која продава дијамантски прстени

Американската ријалити sвезда и богата наследничка Парис Хилтон, вчера на својот 40-ти роденден се вери со своето момче Картер Реум (40) со кој се забавува веќе една година, а сите се воодушевени од тоа како изгледа нејзиниот веренички прстен .

Имено, славната Парис носеше бел фустан кога нејзиниот сакан партнер клекна во бел костум и ја запроси со скап смарагден свршенички прстен вреден 2 милиони долари, дизајниран од Жан Дусе, правнук на Луј Картие.

- Мојата љубов растеше и се ширеше во секоја смисла. Тој го ангажираше Жан Дусе, правнук на Луис Картие, да го дизајнира овој прекрасен прстен кој ви го одзема здивот и се чини дека е осветлен одвнатре - напиша Парис на својата веб-страница опишувајќи го прекрасниот дијамант што го добила.

Видеото Парис го објави на својата веб-страница ParisHilton.com. во кој можете да видите како дизајнерот го дизајнирал прстенот наречен „Парис“. Видеото покажува како дизајнерот црта и слика масивен дијамантски прстен и се обидува да ги пренесе што е можно попрецизно сите детали.


Прстенот се состои од главен дијамант, а околу него има десетици помали, а на нејзината рака изгледа совршено, велат обожавателите.

- Нејзиниот последен веренички прстен има најмалку 15-20 карати и е инспириран од Ајфеловата кула. Цената на прстенот е скоро 2 милиони долари - изјави Кетрин Мани, која продава дијамантски прстени во компанијата „Brilliant Earth“.

- Тоа е импресивен прстен. Класичен дизајн кој ги означува минатото, сегашноста и иднината, многу убаво направено. Со врвен квалитетен дијамант, го проценувам прстенот помеѓу 1,5 и 2 милиони долари - рече Денис Степански, основач и сопственик на „It's Hot Diamond Jewelry and Watches "

- Група од најдобрите секачи за дијаманти, златари и луѓе кои го полираат прстенот се собраа за овој специјален проект - напиша Парис на својата страница.

Ова е четврта свршувачка на Парис Хилтон, откако се сврши во 2002, 2005 и 2018 година, а фановите се надеваат дека овој пат конечно ќе се омажи. 


Фото: Instagram/parishilton/Youtube/screenshoot