ВИДЕО РЕЦЕПТ: Едноставни празнични колачиња кои ќе ги обожава целото семејство

Добивај вести на Viber

Новогодишните и Божиќни колачиња се вистинско уживање особено доколку ги подготвувате самите или во друштво на вашите дечиња.

Ви носиме лесен и евтин рецепт за вкусни празнични колачиња кои ќе ги обожава целото семејство.

Потребни состојки:

150 гр. брашно
50 гр. путер
1 јајце
50 гр. шеќер
рендана кора од лимон
1 прашок за пециво

Подготовка:
Соединете ги брашното путерот и јајцето, изрендајте кора од лимон и додадете една кесичка прашок за пециво.
Оставете го тестото да отстои во фрижидер 1 час. Потоа со калапи за колачиња направете форми по желба.
Печете 20 минути во загреана рерна на 180°C. Откако ќе ги извадете можете да започнете со декорирање.

Состојки за декорација:
белка од јајце
лажичка сок од лимон
125 гр. шеќер во прав
прехрамбена боја

Во сад за матење ставете ја белката од јајцето и сок од лимон. Мешајте со миксер постепено додавајќи го шеќерот во прав.
Смесата поделете ја еднакво во три различни садови. Во секој од нив додадете различна прехрамбена боја.
Декорирајте заедно со вашите дечиња и уживајте.


фото: printscreen YouTube