(ВИДЕО РЕЦЕПТ) Торта со бадеми и јагоди: Без печење, а се подготвува за 15 минути

Добивај вести на Viber

Фото: Youtube/screenshoot

Оние кои се грижат за своето здравје со задоволство ќе се засладат со оваа сирова торта.


Потребни состојки:

1 чаша (250 ml) бадемово брашно

половина чаша протеин од кокос

3 лажици мед

1 лажица кокосово масло

10 урми

вода

150 гр јагоди

сок од половина лимон

1/3 чаша ореви

1/3 чаша кокосово брашно

1 лажица кокосово масло

лажица сок од лимон


Начин на подготовка:

За долната кора: Ставете ги бадемовото брашно, протеинот од кокос, медот, кокосовото масло во блендер. Изблендирајте, добиената смеса ставете ја во плех за печење на кој има ставено хартија за печење. Ставете во фрижидер, да се стегне.

За фил:Ставете јагоди (или малини) во блендер, урмите што претходно биле натопени во вода 10-15 минути, сок од половина лимон. Измешајте, и ставете ја добиената смеса над долната кора.

Ронливата смеса (трет дел до тротата) што ќе оди врз филот ќе ја добиете со мешање на протеин од кокос, ореви и лажица сок од лимон.

Посипете ја добената смеса врз филот, ставете го во замрзнувач два часа да се зацврсти.

Сервирајте по ваша желба и уживајте во совршениот летен вкус.

Бон апетит!