(ВИДЕО) Стигна првиот трејлер филм за љубовата приказна на принцот Хари и Меган Маркл
До очекуваната венчавка на Меган Маркл и принцот Хари која ќе се случи на 19 мај остана уште малку, но пред тоа ќе се случи нешто друго. Точо шест дена пред венчавката излегува филм наречен "Harry & Meghan: A Royal Romance" кој го продуцира тв мрежата "Lifetime", а филмот ќе се базира според вистинската љубовна приказна на новиот кралски пар, поточно како се запознале и како се развивала нивната врска.
Актерската постава за овој филм специјално се бирала, односно сакале сите ликови неодоливо да потсетуваат на личностите кои ги толкуваат, па така Меган ќе ја игра Парис Фитс Хенли, а Хари актерот Мареј Фрејзер. Во филмот исто така ќе се појави Бурџи Абернети како принцот Вилијам, додека Кејт Мидлтон ќе ја глуми Лора Мичел, а актерката Бони Сопер ќе ја одигра принцезата Дијана.
Премиерата на филмот "Harry & Meghan: A Royal Romance" е на 13 мај, а сега ексклузивно погледнете го и првиот трејлер.