(ВИДЕО) Во време на лажни вести, документарците покажуваат што е вистина: Кинематограферите на „Медена земја“ добитници на „ASC“ награда

Добивај вести на Viber

Кинематограферите на документарецот што го освои цел свет и доби две номинации за Оскар, „Медена земја“, Самир Љума и Фејми Даут ја добија најпрестижната награда што може да се додели во светот на кинематографијата е токму „ASC Award“ награда, којашто ја доделува Американската асоцијација на кинематографери (ASC).

Наградата им ја врачи режисерот и продуцент на „Џокер“ Тод Филипс. Тој во својата најава покрај другото, рече дека ова е златно време на документарниот филм (golden age for documentaries).

- Чекајте прво да земам воздух, ова е вистинско. Оваа година толку многу награди и признанија, а ништо не очекувавме. А ова е специјално, да се биде овде со најдобрите од најдобрите, каква чест, фала ви. Ние сме од Македонија, земјата која е домаќин на најстариот кинематографски фестивал „ Браќа Манаки“- започна Самир.

Двајцата се благодарни што запознале толку големи режисери на настанот, и што академијата го препознала документарецот.

- Во ова време на лажни вести, документарците покажуваат што е вистина- заклучи тој.