Викенд интермецо: Како настанал макфестовскиот хит „Расцветај“?

Добивај вести на Viber

Секој рефрен има своја приказна. Уметниците гордо раскажуваат за своите дела, особено ако успеале да создадат песна која го надживеала времето во кое е создадена. Рубриката „Викенд интермецо“ е серијал преку кој уживате во македонските хитови, но и дознавате како истите настанале. Изборот го прави Ѓорге Стојанов

„РАСЦВЕТАЈ“ (ЃОКО ТАНЕСКИ)

Една од најслушаните песни во кариерата на Ѓоко Танески првично била планирана за Тоше Проески. Темата која е авторско дело на хитмејкерот Весна Малинова Бабамова била одбиена на конкурс од страна на Македонската радио телевизија кога во 2004 година се одбираа евровизиските рефрени за Тоше. Подоцна Танески ја отпеа на сцената во Штип и до денес е меѓу највртените макфестовски нумери.