Вистински борец и светски рекордер: Самохрана мајка на три деца девет пати се искачи на Монт Еверест

Лакпа Шерпа е самохрана мајка на три деца која го држи светскиот рекорд како жена која најмногу пати се искачувала на Монт Еверест. Пандемијата на коронавирус ја спречи да го освои покривот на светот по десетти пат, но и донесе и многу проблеми.

Лакпа се надеваше дека оваа пролет уште еднаш ќе се искачи на највисокиот планински врв на планетата, но остана заробена во својот стан во Конектикат токму поради пандемијата на коронавирус, пишува „Metro.co.uk“.

Сето тоа ја погоди силно. Таа исто така признава дека веќе не може да најде работа дури и за најниска можна плата и нема, како некои алпинисти, спонзорски договори со компании.

Освен што нема работа во моментов, Лакпа вели дека за време на пандемијата морала да се справи и со расизмот. Многумина ги запирале неа и нејзините деца на улица мислејќи дека се Кинези.

Со сопругот се преселила во Америка во 2001 година во потрага по подобар живот, а во 2014 година се развеле, па останала сама со две ќерки и син. Досега работела сé, од градежништво до помагање во дом за стари лица. 



Таа секогаш истакнува дека е од Непал и е горда на своето потекло.

- Шерпа значи две работи, јас сум родена како Шерпа, и тоа е моето презиме, оваа презиме го носат околу 300.000 луѓе во светот. Шерпа е исто така име што многу луѓе го користат за да опишат водичи на планина на голема надморска височина, што е вообичаена работа кај мојот народ - вели таа.

Шарпа се сеќава на едноставниот живот во селото Баларкарка, кое се наоѓа во подножјето на петтата највисока планина во светот, Макала.

Интересно е што Лакпа не е сигурна колку години има затоа што не е родена во болница и нема документи за нејзиното раѓање, но според податоците што ги собрала, смета дека има 42 години.

Лакпа пораснала со уште десет браќа и сестри, кои денес најмногу заработуваат пари како водичи во планина, што е попрофитабилно од одгледувањето компири, вели таа.

Така беше и со неа, таа започна да работи како портир, а потоа се заинтересира за качување.

- Бев многу љубопитна и сакав да го истражувам светот надвор од моето село. Отпрвин, носев опрема само за планинари и алпинисти. А, додека ги гледав како ја влечат својата опрема за качување, фантазирав дека сум како нив. Се чувствував силно и подготвено за тоа, па дури и видов жени како го прават тоа кога запознав алпинистка од Англија. Исто така, бев мотивирана да се искачам од фактот дека ми здосади да слушам како жените не можат да работат напорно. Сакав да им покажам на сите дека жените можат да сторат се‘ што можат мажите. Тогаш започнав да се искачувам со туристи и постојано туркав напред - раскажа Лакпа како започнала нејзината кариера.

Во пролетта 2000 година, таа стана првата жена од Непал што се искачи на Монт Еверест и жива се симна од планината. И тогаш таа само продолжи. А, таа го опишува чувството кога сте на врвот на светот како „динамично, смртоносно и еуфорично“.

Иако после тоа стигнала уште осум пати до врвот, Лакпа вели дека првиот пат бил најтежок, еднаш кога се искачила била на врвот по само осум месеци по породувањето, еднаш додека била во вториот месец од бременоста, а сите наредни 8 пати пеела додека го искачувала врвот на светот. 

View this post on Instagram

A post shared by Mount Everest ™ (@himalayanhigh)


- Тој прв пат беше навистина застрашувачки, сите ми рекоа дека ќе умрам, а веќе знаев претходно дека нема шега со Еверест - се сеќава таа.

Да тоа е вистината, фактот дека секоја просечна сезона, шест до 10 луѓе кои се обидуваат да го освојат врвот на светот го губат животот. Лакпа досега немала сериозни повреди и вели дека и е најтешко на планината да гледа како умираат луѓе во таканаречената зона на смртта.

Многумина исто така се прашуваат како Лакпа се одржува во форма, па се изненадуваат кога ќе слушнат дека едноставно пешачи редовно, а понекогаш одела на работа пеш наместо со јавен превоз.

- Јадам поради стрес, а неодамна започнав да внимавам на својата тежина. Мене ме одржува во форма фактот дека работам напорно и многу пешачам. Пред да патувате во Еверест, мора да се најадете добро, затоа што е тешко да се јаде на планина, а колку повеќе маснотии имате, толку потопло ќе ви биде. Многу „Шерпи“ добиваат тежина пред да одат на планина, а јас добивам тежина само со живеење во Америка - вели таа.

Лакпа се надева дека ќе го освои Еверест по десетти пат во април следната година.

- После тоа, би сакала да се искачам на К2, вториот највисок врв во светот, и тогаш би било убаво некој да напише книга за мојот живот. Би било убаво да имам и спонзор. Досега постигнав една од моите цели, а тоа беше да започнам веб-страница на која ќе давам совети за искачување. Сакам да водам луѓе, тоа е мојата страст - заклучува Лакпа.


Фото: Инстаграм

Можеби ќе ве интересира:

Самохрана и невработена мајка со борбен дух: Приказната на Мими од Скопје - девојката која чита за нас