Владата ги држи затворени фитнес и спортските центри без статистика дека таму се пренесува вирусот: Светските искуства се поинакви

Владата одлучи да ја прифати препораката и од завчера го намали полицискиот час. Дополнително се зголеми работното време на угостителските објекти на отворените тераси. Министерот за здравство Венко Филипче најави дека нови ублажувања на рестрикциите може да се очекуваат од следната недела, ако продолжи трендот на намалување на новозаболените и на хоспитализациите. 

Сепак беше категоричен дека и покрај барањата, рано е за отворање на фитнес центрите и теретаните. Ова тврдење предизвика огромен револт кај сопственците на клубовите за вежбање. Тие и лани пролетта кога почнаа да се олабавуваат рестрикциите останаа последни во редот за отворање. 

Сега повторно прашуваат дали има оправданост одлуката фитнес центрите да бидат затворени. Не е познато дали има каква било статистика, иако до сега никој не ја презентирал, но според странските, преносот на коронавирусот во фитнес салите е реткост.

Детали, читајте на Фактор, тука.