Во Аџибадем Систина сфатив што значи светска здравствена установа: Интервју со д-р Чадиковски
Тој е единствениот лиценциран детски кардиохирург во земјава. Камо среќа да не беше така – се согласува и самиот. Д-р Владимир Чадиковски е можеби еден од ретките кои имал можност да замине надвор од земјата, но останал овде. Во интервју за Фактор вели дека има проблеми кои го мачат јавното здравство, но дека кога докторот е добар и има установа зад себе неговите квалитети се квалитети во која било земја. Од неодамна е во „Аџибадем Систина“, каде, како што вели, видел професионализам, систем идентичен како во светските центри и стандарди и протоколи кои диктираат принцип на работа кој е признаен во најдобрите болници. Разговорот со Чадиковски е пријатен оти докторот има јасен став за состојбите, ненаметлив. Има тешка работа – но благородна. Во кардиохируршкиот оддел во „Аџибадем Систина“ веќе се оперирани седум деца, а во иднина овој оддел ќе стане референтен центар на Балканот.
Чадиковски со какви впечатоци ја завршивте 2019 година? За Македонија беше стандардно турбулентна. Генерално со какви чувства влегувате во новата?
Чадиковски: Па можам да кажам дека и јас доживеав еден турбулентен период на професионален план претходната година. После 21 година во јавното здравство заминав во приватна болница што претставуваше еден нов предизвик, одговорност и повторно докажување. Започнувате да работите во систем кој е идентичен како во светските центри со стандарди и протоколи кои ви диктираат како треба да работите, пред се поради безбедност на пациентите и здравствениот персонал. Сметам дека секој треба еднаш во животот да излезе на „пазар” да види навистина колку вреди и после да критикува. Во новата година влегувам со ентузијазам, кој повторно се појави после долго време – во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ започнавме со операции, го комплетираме тимот, инфраструктурата, опремата и заедно со менаџментот направивме стратешки план кој за скоро ќе го покаже бенефитот во третманот на деца со срцеви мани и ќе стане центар кој ќе биде препознаен како најдобар во целата држава и регионот.
Целото интервју прочитајте го на ФАКТОР.МК