За 12 години ја силувале 43.000 пати, морала да има 30 интимни односи дневно: Забременила, па на 15 родила дете
Фото: Youtube Printscreen / Bullshit Bulletin
Исповедта на девојката која била силувана 43.000 пати ќе ве расплаче
Мексиканката Карла Јакинто пред неколку години ја шокираше јавноста кога во исповед ги разоткри мрачните детали од својот живот. Имено, таа откри дека била предмет на страшно малтретирање и силување, дури и кога била дете.
На само 12 години, поради својата лековерност, таа заврши во челустите на трговијата со бели робови и проституција. Поминала цели четири години во вистински пекол и преживувала секојдневни силувања и тепања.
Таа одлучи да ја сподели својата приказна со целиот свет во исповед за CNN.
„Го чекав автобусот, кога момче дојде до мене и ми даде чоколадо објаснувајќи дека неговиот пријател кој стоел на неколку метри ми го испратил бидејќи му се допаѓам. Се претстави како продавач на автомобили и ме праша да излеземе.“ ја започнува Карла својата тешка приказна.
Таа се согласила да го види бидејќи тој беше нежен, внимателен, слаткоречив и ја опсипуваше со подароци. Еден ден ја повика да оди со него да се прошета со неговиот нов автомобил и да помине убаво попладне на пикник. Тој ден, сè во нејзиниот живот се промени.
Тогаш Карла дознала дека и двајцата всушност биле макроа од Тенансинго, мал град во најтемниот дел на Мексико.
„Оттогаш и во следните четири години работев од 10 часот наутро до полноќ. Секој ден ме силуваа и тепав. Кога „клиент“ ми направи лузна на вратот, макрото ми рече дека сум роб со грешка, а за таа „грешка“ ме казнија со камшикување со синџир и ме изгори со врело железо“, се присетува несреќната девојка.
Била малтретирана и од полицијата
Една година Карла не го напуштила хотелот кој бил „база“ на нејзиниот макро, а потоа во еден момент помислила дека конечно дошол спасот. Имено, група од 30-тина полицајци упаднала во хотелот и ги фатила сите макроа.
„Ги исфрлија од хотелот и ја заклучија зградата. Мислев дека сѐ е готово, дека сега ќе дојде брзата помош и ќе се ослободам од пеколот. Но, полицијата не затвори во нашите соби, не натера да се соблечеме и почна да не снима и не силуваа, а имаше и 10-годишни девојчиња“, вели Карла, која тогаш имала само 13 години.
„Тоа беше многу тежок живот, никому не го посакувам. Навистина, бев сексуално експлоатирана од 12-годишна возраст, а и пред тоа поминав низ пеколот, па јасно е како можев да верувам во лажна љубов"
Таа родила девојче на 15 години
Полицијата си замина, а ужасот продолжи. Следните две години Карла живеела низ истиот пекол - секојдневни силувања и тепања. На 15 години забременила и родила девојче, кое макрото ѝ го одзело.
„Мојот ужас конечно заврши во 2006-та година, кога специјалната полициска единица скрши синџир на макроа, проституција и трговија со луѓе, меѓу кои беа и оние кои ме заробија. На 16-годишна возраст конечно почувствував што значи слобода“, вели девојката.
Силувана секој ден најмалку 30 пати
Во текот на четири ужасни години, Карла вели дека била силувана повеќе од 43.000 пати.
„Ме силуваа околу триесет пати на ден, секој ден. На крајот, тоа е околу 43.200 пати“, тажно рекла Карла.
Повеќе од 10 години по нејзиното бегство, Карла Јакинто признала дека најтешко е да се надмине стравот дека ќе се вратат да ѝ наштетат во секој момент.
„Најтешкиот дел беше живеењето во страв поголемиот дел од времето, знаејќи дека во одреден момент ќе ме убијат или ќе ми направат нешто мене или на моето семејство. Живеев со тоа во мојата глава уште од првиот пат кога се обидов да избегам. Знаев дека ќе ме бараа со денови, месеци, со години... Добив закани. На крајот ме најдоа, но за среќа ништо не се случи“, рекла Карла. Во 2014-та година го фатиле нејзиниот дилер и го ставиле во затвор, а девојката вели дека е среќна бидејќи повеќе не може никому да наштети.
Денес Карла има 32 години и е активистка на здружението reintegra.org кое се бори против трговијата со луѓе и е редовен гостин на емисии и одржува работилници и семинари токму на оваа тема.
Извор: stil.kurir.rs