За 2000 денари ѝ даде нов сјај на старата бања: Инспирирана од природата, целиот процес траеше еден ден (ВИДЕО)

Инстаграм е социјална мрежа каде често имаме можност да видиме фотографии од внимателно уредени ентериери кои бараат долгорочно реновирање за кое се потребни многу пари. Но, оваа 32-годишната мајка и љубител на социјалните мрежи, Аби Хуго сака да ги прави работите на малку поинаков начин.

Аби има повеќе од 116.000 следбеници на Инстаграм, а на својот профил редовно споделува совети за реновирање на нејзината куќа, за кои не ви требаат многу пари. По истиот принцип, таа ја реновираше својата бања за само 30 фунти (околу 2000 денари) и тоа за само 24 часа.

Оваа соба, која беше монотона и една од најнеуредните во куќата, конечно доби нов, модерен дизајн, во кој преовладуваат неутрални тонови.

Целата идеја за преуредување на бањата започнала додека таа го бојадисувала радијаторот во неа.

 - Сакав да видам како ќе ми оди, а потоа едното доведе до друго и не можев да застанам до два часот наутро - вели Аби.

Купила две пакувања подни плочки за 2000 денари, а целиот материјал го имала дома. Потоа извадила стебленце од еукалиптус од градината и од него направила рамка за огледало, која сега наликува на мало уметничко дело.

- Сакам да гледам колку промени можам да направам во собата за што помалку пари. Го направив ова затоа што сакав да живеам во дом за кој се чувствувам дека е мој и дека е во мој стил. Го направив ова додека чекав да заштедам пари за некои големи планови за реновирање - објаснува таа.

Посебен детал во бањата е белата вазна на полицата, која првично била зелена, а Аби ја купила во продавницата за околу 70 денари, пишува „Метро“.

Дрвената работна плоча всушност не е дрвена, таа е бојадисана, а целиот ефект е направен со алатите кои Аби веќе ги имала во куќата.

Таа вели дека овие спонтани реновирања се најдобри и им препорачува на сите да се впуштат во ваква авантура.

Аби признава дека не бара идеи во ТВ емисии кои се занимаваат со реновирање, туку дека природата е нејзината најголема инспирација.

View this post on Instagram

A post shared by (@thewhitethistle)


- Го сакам и медитеранскиот стил, инспирирана сум од други култури, грчки, италијански и француски стил на дизајн. Го сакам и списанието „Elle Decoration“ бидејќи секоја страница е исполнета со фотографии од домовите на неверојатни луѓе – вели таа.

Таа е инспирирана и од другите простории во куќата, бидејќи сака сè да биде поврзано во една целина и да биде во исти тонови.

„Ја сакам природата и земјените тонови и сакам текстури што ги гледаме насекаде околу нас“, објаснува таа.

Аби советува и да најдете идеи за внатрешна декорација на „Pinterest“. Таа сама почна да декорира, а крајниот резултат беше изненадување за целото семејство.

- Мојот сопруг не знаеше дека го правам ова. Ретко работи дома бидејќи е долго време на работа, па често го изненадувам со нова промена кога ќе дојде. Сега забележа дека ако молчам, тоа значи дека имам план да декорирам нешто ново – вели таа.

Дали сте подготвени да ги засукате ракавите и да го промените изгледот на вашиот животен простор? 


Извор: www.telegraf.rs