Најубавата манекенка на светот изиграна и навредена од својот сопруг: За крајот на нивниот брак зборува целиот свет

Оваа година во светот на познатите има вистински бум кога се во прашање разделби и разводи, а овој бран ги погоди и славната манекенка Жизел Бундхен и Том Брејди.

Имено, советот веќе извесно време зборува за можниот развод на оваа двојка, а причината наводно е голема кавга помеѓу познатата манекенка и НФЛ ѕвездата, пишува „Пејџ Сикс“.

А Жизел го напушти семејниот имот на Флорида по жестоката расправија предизвикана од новата одлука на Брејди да не ја напушти професионалната кариера во американскиот фудбал. Извори блиски до славниот пар изјавија дека манекенката и спортистот имале проблеми и претходно, но дека сега, очигледно, е најсериозната криза, па неговото премислување предизвикало конфликт.

„Тензијата е висока. Беше многу среќна кога тој објави дека се пензионира и воопшто не беше воодушевена кога тој рече дека се враќа“, рекол извор близок на парот, според People.

Изворот додал и дека парот е во тешка ситуација.

„Знам дека тие се обидуваат, или барем тој се обидува, да го сфати тоа и да успее. Тој сака кризата да помине и работите да се подобрат“, според People.

А исто така интересно е што ова не е прв конфликт, имено, откриено е дека Жизел пред неколку години му напишала писмо на својот сопруг во кое објаснува дека е несреќна во бракот.

Да потсетиме и дека манекенката за Vogue изјави:

„Врските не се случуваат случајно: никогаш не е бајка во која луѓето би сакале да веруваат. Потребна е работа за навистина да се создаде хармонија меѓу вас и вашиот партнер, особено ако имате деца. Неговиот фокус отсекогаш бил на неговата кариера, а мојата главно на децата“.


Фото: Профимедиа