За миг, заборавија дека се лекуваат на Онкологија: Секоја сабота ќе има пеење за децата кои цела година се на Клиника (ВИДЕО)

Најубавата сабота која можеби ја доживеале некогаш. Вечер на која со емоции и возбуда ќе се сеќаваат цел живот, ќе ја прераскажуваат на сите.

Вечер во која за момент заборавија на болеста.

Во саботата во 20 часот се пееше за децата од хематологија. Секоја сабота во 20 часот ќе има пеење. 

„Ти честитам Марија.Тасев за иницијативата и честа вака граѓански да се вклучиме во една хумана мисија Го снимив видеото единствено за да знаете дека и вие некоја сабота можете да им ја развеселите вечерта на овие деца кои цела година немаат излезено од клиниката. Вечерва имаше средношколци, родители на деца што победиле канцер, но и други граѓани како нас што едноставно сакаме да развеселуваме детски срца“, напиша на Фејсбук Бранка Костиќ Марковиќ.

Видео/Фото: Фејсбук