За неа тоа ќе биде голем ден и остварување на сонот: Јелена Томашевиќ откри кој ја повикал да настапува со Бочели

Пејачката раскажа како се чувствувала кога го добила повикот поради кој заедно со сопругот и ќерката скокале од среќа...

Српската пејачка, Јелена Томашевиќ ќе настапи како гостинка на концертот на еден од напознатите тенори Андреа Бочели, кој ќе се одржи во Белград кон крајот на јули. Како што наведува ја одбрал тимот на Бочели.

„Маестрото и неговиот тим практикуваат на сите светски турнеи, специјална гостинка да биде поп пејачка од земјата во која гостуваат. Многу сум среќна што мојата музика стигна до еден таков уметник и до неговиот тим и дека тие одлучиле токму јас да запеам со нив. Бев пресреќна и прегорда, веќе го слушав и се прашував какво ли е чувството да се запее со него, и еве 17 години подоцна соништата се остваруваат“.

Таа откри и како се чувствувала кога го завршила повикот и сфатила на кој ќе му биде гостинка на концерт.

„Тука беа Нина и Иван, сите скокавме од среќа кога слушнавме“.

Повикот од самиот почеток го сфатила сериозно и вредно се подготвува за настапот со Бочели.

„Секојдневно работам сама, но и редовно се консултирам со своите соработници. Ќе пеам на италијански, и се слушам и со своите пријатели од Италија, за да ми помогнат околу изговорот. Мелодиските линии за мене не се проблем, но италијанскиот јазик во комбинација со нив ми е, и морам секојдневно да вежбам“.

Пејачката откри и која песна ќе ја изведе, но и на кој ќе му ја посвети песната таа вечер.

„Договорот е да не го откриваме изненадувањето, но еве ќе откријам дека ќе имам чест да ја изведам песната „Vivo per lei“ со маестро Бочели и многу се радува“ - за „Курир“ откри Јелена и додаде:

„Тоа ќе биде мојата ќерка, особено на неа ќе ѝ пеам, но ќе бидат тука и моите родители и пријатели, за сите нив ќе пеам“.

фото: Принтскрин / Инстаграм