За Нова година го имаа сите: Колач кој се правеше во поранешна Југославија

Добивај вести на Viber

фото:Igy the cook

Годинава новогодишната ноќ ќе ја дочекаме дефинитивно во поразличен амбиент.

Да ги почитуваме препораките и да останеме сите дома, да ја дочекаме Новата година во кругот на потесното семејство.
А поради ова, време е да размислиме што ќе подготвиме за новогодишната ноќ.
Наш предлог е убав, старомоден колач кој се правел во поранешна Југославија и бил на трпезата на секое семејство за дочекот на Новата година.

Состојки:

150 гр ореви

2 јајца

60 гр шеќер

ванилин шеќер

200 мл млеко

100 мл масло

270 гр брашно

прашок за пециво

10 лажици шеќер

6 лажици вода

150 гр чоколадо

50 гр бисквити

Подготовка: Добро изматете јајца и шеќер. Постепено додавајте го шеќерот. Додадете ванилин шеќер, млеко и масло. Додадете брашно и прашок за пециво. Промешајте со рака и додадете мелени ореви.

Истурете во подмачкана и побрашнета тава и печете го бисквитот на 180 С - 35 минути.

Подгответе ја глазурата: измешајте 10 лажици шеќер и 6 лажици вода, а потоа растопете го шеќерот. Тргнете го од оган. Додадете чоколадо, ореви и мелени бисквити. Промешајте.

Истурете ги бисквитите, посипете ги со сечкани ореви, изладете и послужете.

ВИДЕО:


извор:stil.kurir.rs